Стока, поефтина од својата лична карта

Ништо поефтино нема од луѓе во транзит. Од луѓе кои живеат во држави кои ги снајде таа несреќна назнака „во транзиција“. Исто е како да стоиш закопан во место и да чекаш со тебе да се случи било што, да чекаш, а да не знаеш што чекаш. Луѓето се обесмислени, нивните одлуки се обесмислени, нивните обиди, права, нивниот труд да останат живи, бидејќи тука секако голем успех е да останеш жив. И тој голем успех е обесмислен. Живи, а никој ништо не не прашува.

И не се знае дали е полошо тоа што наводно некаде одиме, наводно се обидуваме да се интегрираме во елитниот клуб ЕУ, или тоа што наводно остануваме тука каде што сме. Се е наводно, се е лага и се е ефтино. Овој народ е опседнат со голо преживување, и повеќе ништо не слуша. Не прима информации, и тоа дури можеби е добро. Ако многу лаги и афери го презаситат тој кој сето тоа го слуша и впива, ако тој повеќе не може да поднесе, ако му е лошо, го менува каналот кога ќе види вести, знае дека е лага и почнува да верува дека се е лага. Тоа е целосен пад на моралот, кој те носи по ѓаволите или ќе те уништи. Ти можеш да го исклучиш телевизорот и да гласаш за тој кој ти се допаѓа, без паника дека ако го направиш спротивното ќе бидеш гладен транзициски губитник. Веќе си губитник.

Во гето сме и знаеме дека сме во гето и знаеме дека сме продадени. Да прифатиш дека е сеедно што е вистина, а што е лага, да си свесен дали некој те продава или не, да ти е сеедно колку е мизерен тој живот без движење и обиди да не бидеш стока, поефтина од својата лична карта… Сега навистина немаш што да изгубиш освен приликата, на своето постоење да вратиш ронка достоинство.



2 Responses to “Стока, поефтина од својата лична карта”

  1.   Geto boy Says:

    Koj ceka ke doceka :-)

  2.   gjoamitipoezija Says:

    Ништо поефтино нема од луѓе во транзит.

    gresis, koga si vo tranzit se vodis od devizata ebi pa begaj… :)

Напишете коментар