Многу луѓе знаеле за Тајната, тоа биле најголемите луѓе во историјата: Платон, Шекспир, Њутн, Иго, Бетовен, Линколн, Емерсон, Едисон, Ајнштајн… Ако ја спознаете, Тајната ќе ви пружи се што ќе посакате: среќа, љубов и богатство. Можете да имате, да правите, или да бидете се што ќе посакате. Можеме да имаме што и да одбереме. Не не интересира колку е тоа големо. Во каква куќа сакате да живеете? – Дали сакате да бидете милионер? Со каква работа сакате да се бавите? Сакате ли да бидете поуспешен? Што навистина сакате?
“Видов како во човечките животи се случуваат разни чуда. Финансиски чуда, чуда на физичко и ментално излекување, заздравување на човечки односи. Сето тоа се случило со помош на знаење на примена на Тајната. Ова е големата тајна на животот.
“Тајната е одговор на се што било, на се што е и на се што ќе се случи во иднина” – Ралф Валдо Емерсон (1803-1882)
Веројатно седите и се прашувате: Што е Тајната? Сите ние поседуваме една бесконечна моќ. Сите ние управуваме со своите животи по целосно исти Закони. Природните закони на Универзумот се толку прецизни, што без никакви проблеми можеме да направиме дури и вселенски брод, да испратиме луѓе на Месечината и да го предвидиме моментот на нивното спуштање во дел од секундата. Без оглед дали живеете во Индија, Австралија, Нов Зеланд, Стокхолм или Лондон, Торонто, Монтреал или Њујорк… Сите ние работиме со една иста моќ. Со еден Закон, Законот на Привлечноста! Тајната е Законот на Привлечноста! Се она што ви се случува во животот, вие тоа го привлекувате во својот живот. А го привлекувате со силата на сликите кои ги држите во својот ум. Тоа е она за што размислувате. Се што се случува во вашиот ум, вие тоа го привлекувате кон себе. Мудрите луѓе од секогаш го знаеле ова.
Погледнете ги само старите Вавилонци. Тие од секогаш го знаеле ова. Тие биле мала, одбрана група луѓе. Што мислите, зошто 1 процент од населението заработувале околу 96 проценти од вкупно заработените пари на светот? Мислите ли дека тоа е случајност? Тоа не е случајност, тие луѓе сфатиле нешто. Тие се запознале со Тајната. А сега вие ќе се запознаете со Тајната.
“За мене нај едноставен начин да си го објаснам Законот на Привлечноста е тој, себеси да се гледам како магнет и знам дека како магнет ќе привлечам кон себе се што ќе посакам. Нај едноставно кажано, Законот на Привлечноста вели дека сличностите се привлекуваат. Но, ние тука зборуваме за нивото на мислите. Како човечки битија наша задача е да се придржуваме на мислите за она што го сакаме, апсолутно целосно да разјасниме во нашите глави што навистина сакаме и да почнеме да го привикуваме во своите глави еден од најмоќните Закони на Универзумот, тоа е Законот на Привлечноста. Вие станувате тоа за што најмногу размислувате, но она за кое најмногу размислувате исто така може да го привлечете кон себе. Ако нешто видите во мислите, тоа ќе го држите и во рацете.
Ова правило може да се сведе во три едноставни зборови: МИСЛИТЕ-СТАНУВААТ-РЕАЛНИ”. Мислите можеме да ги измериме. Ако постојано повторувате една иста мисла, ако замислувате во својот ум дека имате убав автомобил, дека имате пари кои ви се потребни, дека сте ја пронашле својата сродна душа… Ако замислувате како сето тоа изгледа, тогаш редовно ја испраќате таа фреквенција. Мислите емитуваат магнетски сигнал кој ви привлекува слични работи. Замислувајте се себеси како живеете во богатство, па ќе привлечете богатство. Секогаш делува, функционира секој пат и кај секој човек.
Еве го проблемот: Многу луѓе размислуваат за тоа што не го сакаат, а потоа се прашуваат зошто баш тие работи постојано и повторно им се случуваат. За делувањето на Законот на Привлечноста не е важно дали вие за нешто сметате дека е добро или лошо, или дека сакате нешто или не сакате. Тој одговара на вашите мисли. Затоа ако очајно размислувате за наталожените долгови, тоа е знак кој го испраќате во Универзумот. Вие тоа едноставно го потврдувате на себе, го чувствувате тоа со целото битие и поради тоа, истото ќе го добивате назад уште повеќе. Значи ако гледате во нешто што го сакате и зборувате ДА на тоа, вие активирате мисла и Законот на Привлечноста одговара на таа мисла и ви го донесува тој предмет кој одговара на тие мисли. Но кога гледате во нешто што не го сакате и викате НЕ на тоа, вие всушност не го буткате од себе. Наместо тоа, вие активирате мисла за тоа што не го сакате и Законот на Привлечноста, исто така го привлекува тоа нешто кон вас. Универзумот се темели на привлечноста, се се врти околу привлекувањето. Законот за привлечност СЕКОГАШ делува, дали верувате во тоа или не, го разбирате или не, секогаш делува. Можете да размислувате за минатото, сегашноста или иднината, но без оглед дали се присетувате или запазувате или замислувате, вие сепак во тој процес ја активирате мислата и Законот на Привлечноста, кој е најмоќен Закон во Универзумот, одговара на таа ваша мисла. Создавањето непрекинато трае. Секој пат кога човек нешто ќе помисли или ако се препушти на еден начин на размислување подолго време, се наоѓа во процес на создавање. Од тие мисли нешто ќе се изроди. Законот за Привлечност вели: Ќе ти дадам што и да ми побараш и тоа на кое си ги насочил своите мисли. Значи, ако се жалиш на нешто колку е тоа лошо, ти исто толку лошо создаваш уште повеќе.
Цел живот ќе ви се промени, ако престанете да се фокусирате на нешто што не го сакате, на нешто од кое се плашите, нешто што сакате да го избегнете. Фокусирајте се на она што го сакате. Значи, мора да бидеме многу позитивни по прашањето на нашите сфаќања и ориентации и да се стремиме да запознаваме позитивни луѓе и позитивни настани и околности. Ако сме многу негативни по прашањето на нашата ориентација, ако сме бесни, во тој случај привлекуваме негативни, гневни луѓе и негативни и лоши околности. И така со силни мисли почнувате да привлекувате, без оглед на тоа дали сте свесни или несвесни. Тука лежи проблемот. Ако внимателно размислите за Тајната и за силата на нашиот ум и нашите намери во секојдневниот живот, ќе сфатите дека таа е насекаде околу нас. Треба само да отвориме очи и да гледаме. Ќе видите докази за Законот на Привлечноста во вашата заедница. Кога ќе видите дека некој постојано зборува за болести, ја има. Кога ќе видите некој да зборува постојано за пари и богатство, ги има. Законот на Привлечноста е доказ кој е насекаде околу нас, ако сфатиш што е тој. Се работи за тоа дека ти си магнет кој привлекува мисли, кој привлекува луѓе, кој привлекува настани, кој привлекува начин на живот. Навистина, се она што го предизвикувате, Вие тоа сте го привлекле со помош на Законот за Привлечност. Квантните физичари се на прагот на ова откритие. Се тврди дека Универзумот не може да постои ако не го обиколува мозокот, а умот всушност го обликува секој предмет што го гледа.
Често се случува луѓето ужасно да се исплашат од сите свои лоши мисли, мора да бидат свесни за две работи: Првата – научно е докажано дека убавите мисли имаат сто пати поголема сила од негативните мисли. Тоа веднаш ќе ве ослободи од грижи. Станете свесни за своите мисли и одберете ги внимателно. Вие сте креатор на сопствениот живот, а тоа го правите со вашите мисли.
Лидерите во минатото кои ја имале Тајната сакале да ја задржат моќта и да не ја делат со никого. Ги држеле луѓето далеку од Тајната. Луѓето оделе на работа, доаѓале дома, немоќни, бидејќи Тајната ја држеле само неколкумина. Живееме во Универзум во кој владејат закони, како што е Законот на Гравитацијата. Се што моментално ве опкружува во животот, вклучувајќи ги работите на кои се жалите, сте ги привлекле самите во својот живот. Знам дека во овој момент не сте среќни што го слушате ова. Веднаш ќе кажете – Јас не го привлеков сударот што ми се случи, не го привлеков овој клиент што ме малтретира, посебно не ги привлеков долговите. Но, ДА, вие тоа сте го привлекле во својот живот. Ова е една од теориите кои најтешко се прифаќаат. Но, еднаш кога ќе успеете во тоа, ќе го промените својот живот. Настаните главно ги привлекуваме автоматски. Ние мислиме дека немаме никаква контрола над нив. Нашите мисли и чувства се јавуваат автоматски и поради тоа се ни се случува автоматски. Постојат илјадници мисли кои ви доаѓаат од исто толку правци и исто толку теми. Токму тука вашиот емоционален систем стапува на сцена. Емоциите и чувствата ви помагаат да го разбирате она за кое размислувате. Вашите мисли ги покренуваат вашите чувства. Така знаеме што привлекуваме. Постојат само две чувства, добро и лошо. Сите негативни чувства, без оглед дали е вина, бес или стрес, сите изгледаат исто – никако не се добри. И сите тие чувства, како што вели нашиот систем, за кои размислуваш токму сега, НЕ СЕ во согласност со тоа што навистина го сакате. Тоа може да се нарече лоша фреквенција или лоши вибрации. Доброто чувство е чувството на надеж, среќа или љубов. Таа позитивна емоција како водач вели дека она што го мислиш во моментов е во согласност со она што го сакаш. Колку подобро се чувствувате, повеќе сте во рамнотежа, што полошо се чувствувате, повеќе сте исфрлени од рамнотежа.
Како и да се чувствуваш е совршен одраз на тоа што е во процесот на ОСТВАРУВАЊЕ. И го добивате токму тоа како се чувствувате, а не го добивате тоа за кое размислувате. По законот на Привлечноста, ако сте позитивни, ќе привлечете позитивни ситуации, околности и луѓе. Можете да почувствувате среќа, радост, задоволство, љубов… дури и ако ги нема. А Универзумот ќе ви одговори во согласност со вашата душа, бидејќи така се чувствувате. Значи, на она што ќе се фокусирате во мислите и чувствата, тоа ќе го привлечете во својот живот, без оглед дали тоа сте го сакале или не. Тоа што го мислиш и чувствуваш и тоа што се остварува СЕКОГАШ се поклопуваат, буквално секогаш, БЕЗ исклучоци. Направете пресврт во својата свест.
“Вие го создавате сопствениот Универзум во од” – Винстон Черчил (1874-1965)
Чувствувајте се добро, бидејќи такви вибрации ќе испраќате во Универзумот како сигнали и на тој начин ќе привлекувате добри работи. Ако се чувствувате лошо, пуштете музика или запејте, или помислите на нешто убаво, на бебе или на некого кого навистина го сакате. По можност чувајте домашен љубимец, куче или маче, тие не одржуваат во состојба на многу позитивни емоционални чувства. Кога ќе почнете да управувате со своите мисли врз основ на тоа како се чувствувате, ќе почнете да забележувате поврзаност меѓу тоа што го чувствувате и мислите, и тоа што го привлекувате. А тие кои ќе ве гледаат од далеку ќе стојат запрепастени кога ќе видат каков совршен живот живеете. Ајде да употребиме метафора. Сетете се на Аладин и волшебната лампа. Аладин ја зима лампата ја брише прашината и ДУХОТ се појавува. Духот секогаш ги изговара истите зборови: Твојата желба е моја заповест. Да ја примениме оваа метафора на нас и на нашиот сопствен живот. Аладин секогаш бара нешто што го посакува, гледа нагоре во целиот Универзум, кого го преставува ДУХОТ. Можеме да го наречеме како сакаме, но секоја традиција и религија зборува дека постои нешто што е посилно од нас самите.. и ДУХОТ секогаш ги изговара истите зборови: Твојата желба е моја заповест.
Значи сакаме да кажеме дека процесот на создавање е процес во три чекори: Прво, морате да побарате тоа што го сакате, не мора со зборови, Универзумот не ги разбира нашите зборови, тој одговара во целост на вашата мисла. Испраќате сигнали со мислите. Што навистина сакате? Седнете и напишете ги своите желби на хартија, пишувајте ги во сегашно време. Можете да почнете вака: Многу сум среќен и благодарен поради… Потоа објаснете како навистина сакате да живеете и тоа до најситни детали. Исто како целиот Универзум да е голем каталог. Го прелистувате и велите – би сакал да доживејам ова, да го имам овој производ, да имам вакво лице покрај себе. Вие сте тој кој порачува од Универзумот. Навистина е толку лесно.
Чекор 2 е верувај. Верувај во тоа што го бараш, сето останато Универзумот ќе го направи место вас. Сите сили на Универзумот ќе одговорат на тие мисли кои вие сте му ги испратиле – Твојата желба е моја заповест. Универзумот ќе почне да се менува за да ги оствари вашите желби. Многу луѓе не дозволуваат навистина да посакаат нешто што навистина го сакаат, бидејќи не успеваат да сфатат како може тоа да се оствари. Ако почнете да истражувате ќе видите дека никој од луѓето кои нешто постигнале, на почетокот не знаеле како да го изведат тоа. Само знаеле дека ќе успеат. Не мора да знаете како ќе се оствари тоа што го сакате, не мора да знаете како Уииверзумот ќе ви го оствари тоа. Не знаете како да го остварите тоа што го сакате? Патот сам ќе ви се укаже ако го привлечете. Ако БАРАШ ќе го завршиш првиот чекор. Ако ВЕРУВАШ, Универзумот ти одговара секогаш, без исклучоци.
Но, постои уште еден чекор кој мора да го разберете и се вика Чекор 3 а тоа е ПРИМАЊЕ. Што значи дека мора да се доведете во таа состојба која одговара на тоа што го барате. Кога сте во согласност со тоа што го сакате, се чувствувате одлично, тоа се вика ентузијазам, тука се наоѓа радоста, тука се наоѓа почитта, тука се наоѓа чувство за желба и страст. Тоа е процес на создавање. Но, кога чувствувате очај, страв или гнев, тоа е силен показател дека моментално не сте во согласност со вашата желба. Универзумот сака брзина, не се двоумете, не се сомневајте. Ако се укаже прилика, кога во вас ќе се разбудат чувства, кога ќе почувствувате интуитивен поттик од длабочината на стомакот, ПРЕЗЕМЕТЕ нешто. Тоа е ваша задача и тоа е се што треба да направите. Можете да привлечете се што ќе побарате, ако ви се потребни пари, ќе ги привлечете, ако ви се потребни луѓе, ќе ги привлечете. Ако ви треба некоја книга, ќе ја привлечете. Можете да почнете од ништо, од нула, но од беспаќе ќе ви се укаже пат. Замислете дека се возите со автомобил во ноќ, фаровите осветлуваат само 50 до 60 метри пат пред вас, целиот пат го возите во темница, бидејќи гледате само 50 нетри пред вас. Така се одвива и животот пред нас. Животот постојано ќе се развива, а на крај ќе стигнете до целта, до тоа што навистина го сакате. Многу луѓе прашуваат: Колку време треба да се појави ново возило, врска, пари? Не постои правило кое вели дека желбите ќе се остварат за 30 минути или 30 дена. Најважно е да бидете усогласени со Универзумот лично. Се што го создава Универзумот го прави без никакви напори, тревата не се напрегнува за да расте, тоа се одвива спонтано, така е тоа совршено измислено. Многу луѓе веруваат дека се заглавени, заробени или ограничени од моменталните околности во кои се нашле. Какви и да се тие околности, тие се само моментална стварност, а таа стварност можете да ја смените ако почнете да ја користите Тајната.
“Се што ние сме, е последица на нашите сопствени мисли” – Буда (563пне)
Моќни процеси – Визуелизација или замислување. Кога замислувате, тогаш материјализирате. Тие чувства, внатрешни слики постепено ќе стануваат отворена врата. “Каква е таа моќ, тоа не можам да го кажам. Се што знам е дека тоа ПОСТОИ” – Александар Грахам Бел (1847-1922). Не е наше да откриваме како се појавува и како се одвива тоа. Тоа ќе ни се покаже со вербата. Замислувајте секој ден, но никогаш немојте тоа да го правите на сила. Единствената разлика меѓу луѓето кои живеат на овој начин и останатите луѓе, е во тоа што луѓето кои уживаат во животните магии имаат одредени животни навики. Тие се навикнати да го користат Законот на Привлечноста и магијата ги следи каде и да појдат. Луѓето навистина сакаат да го сменат животот но резултатите и понатаму не доаѓаат, а под површината се е подготвено за промена. Но, човекот го гледа само тоа што е на површината и вели: Ова не работи! И знаете што се случува? Универзумот на тоа одговара: Твојата желба е моја заповест. И потоа исчезнува.
“Фантазијата е се. Таа ни дава увид во идните животни убавини” – Алберт Ајнштајн (1879-1955)
Одлучете што сакате. Верувајте дека тоа можете да го имате и верувајте дека е можно. Универзумот ќе најде начин како тоа ќе се манифестира. Ако постојано размислувате за тоа дека немате доволно пари, постојано за тоа се жалите на пријателите и се чувствувате несреќни поради тоа, тогаш всушност внатре во себе активирате или продолжувате да ја активирате мислата, а тоа многу се разликува од тоа што сакате да го имате. Вие се фокусирате на тоа дека не сакате повеќе пари и тоа го привлекувате. Се се сведува на тоа како размислувате. Најдете го внатрешниот мир и потоа ќе ви се појават и надворешните работи. Мислите, желбите и чувствата се ислучително важни, бидејќи се остваруваат. Ориентирајте се кон најпозитивниот дел на тие луѓе кои ве опкружуваат.
Има една лага која како вирус се прошири во човештвото и гласи: Нема доволно за сите, владее немаштија, се е ограничено и едноставно нема доволно. Таа лага ги држи луѓето во страв, алчност, себичност. И тие мисли на страв, алчност, себичност и немаштија стануваат реалност на човештвото. Светот испи таблета од која има ноќен кошмар. Кога ќе видите нешто што сакате да го доживеете, мислете за тоа, зборувајте за тоа, запишете го, напишете листа. А кога ќе видите работи што не сакате да ги имате, не зборувајте за нив, не пишувајте за нив, не се жалете на никого, не ги буткајте од себе. Игнорирајте ги тие мисли најдобро што можете, не обраќајте внимание на работи што не ги сакате. Поклонете го целото ваше внимание и фокусирајте се на работи кои ги сакате.
Се во Универзумот е енергија. Постои Универзум и нашата галаксија, Земјата и поединци, а внатре во нашите тела органи, клетки, молекули, атоми и конечно ЕНЕРГИЈА. Затоа, ако мислите дека сте само тело кое трча наоколу, размислите повторно. Вие сте духовно битие, енергетско поле кое делува во многу пошироко енергетско поле. Во Универзумот се е поврзано. Се е едно енергетско поле. Ние сме извор на енергија, сила на создателот Бог. Тоа значи дека имате Божја можност и способност за да создадете сопствен свет, што е апсолутна вистина. Човекот има моќ да го смени животот.
“Целата моќ потекнува од нас и затоа е под наша контрола” – Роберт Колијер (1885-1950).
Многу луѓе во животот се чувствуваат како жртви и често за тоа наоѓаат причини од минатото. На пример растење покрај насилни родители или нефункционални семејства. Но, тоа се вика – Па што! Се работи за тоа, што ќе направите сега, што ќе изберете сега? Вие раководите со своите мисли и сте творец на сопствената стварност. Ослободете се од наследениот товар, цивилизациските кодови, општествените правила и еднаш за секогаш докажете дека моќта која ја носите во себе е поголема од моќта која ја има целиот свет. Човекот е неограничен во својата моќ. Вашиот живот ќе биде таков каков што сами ќе го создадете.
“Следете ги патиштата на своите радости и таму каде што имало ѕидови, Универзумот ќе ви отвори врата” – Џозеф Кембел (1904-1987)
Уживајте во животот! Бидејќи животот е феноменален! Величествено патување! Замислете се со сите добра кои ги посакувате. За тоа ви говори секоја религиска книга, секоја значајна книга од филозофијата, сите големи лидери кои живееле во минатото. Вратете се наназад и побарајте го учењето на мудреците. Сите тие сфатиле една работа, ја сфатиле Тајната. Сега сфатете ја вие. И што повеќе ја применувате, подобро ќе ја разберете. Не постои ништо што не можете да бидете, да работите или да имате. Човекот е величествен творец, во кој се крие божественото. Без оглед на се што ви се случило во животот. Без оглед на тоа колку мислите дека сте млади или стари, тој момент кога ќе почнете да мислите исправно, ќе исплива вашата внатрешна сила која е поголема од целиот свет.
Текстов е само мал дел од документарецот “The Secret” кој ви го препорачувам за викендов, а можете да го симнете на овој линк - http://www.zamunda.net/details.php?id=245595&hit=1<%3B%2Ffont
а преводот за филмот можете да го симнете тука - http://titlovi.com/titlovi/the-secret-114169/
Добар викенд блогери и бидете позитивни !